EtnoAntropoZum (Oct 2021)

МAКЕДОНСКАТА СЕВЕРНА ГРАНИЦА - ПОЛИТИКИ И РЕФЛЕКСИИ

  • Љупчо С. Ристески

DOI
https://doi.org/10.37620/EAZ2121086r
Journal volume & issue
Vol. 21, no. 21

Abstract

Read online

По прогласувањето на независноста на Република Македонија, во низата проблематизирања на македонскиот национален идентитет, на македонската држава и на Македонците, како одвнатре така и од страна на соседните држави и народи, се најде и опструирањето на непреченото одбележување на годишнините од одржувањето на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) во манастирот Св. Прохор Пчињски откако тој, и официјално, по воспоставувањето на меѓународната граница помеѓу Македонија и другиот дел од Југославија, во почетокот на 90-тите години, остана во делот на Србија. Како резултат на тоа, во Македонија започна сè поотворено да се размислува за изнаоѓање алтернативи за одбележувањето на годишнините од АСНОМ. Така, во 2004 г. започна реализирањето на изградбата на Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, локација оддалечена од српско-македонската граница само неколку километри и неколку десетини километри од манастирот Св. отец Прохор Пчињски. Сепак, изградбата на овој центар, наместо да го затвори ова проблематично прашање, се чини дека во македонската јавност отвори нови дебати, толкувања, интерпретирања на македонската национална историја и идентитет.

Keywords